Татко од Шабац се пожалил во локалниот медиум дека е скршен од болка и е во длабок шок од она што го затекнал на гробот на својата ќерка.
„На гробиштата Доњошор е погребана ќерка ми Андреа. Имаше 21 година кога го напушти овој свет. Почина лани во февруари и скоро секој ден сме на гробишта. Нон стоп ни крадат играчки, свеќи, цвеќиња“, коментира разочараниот татко.
Вели дека луѓето се најлоши суштества на планетата, а дека за тоа доволно говори и следниот пример.
„Пред неколку дена го скршија стакленото срце за да го извадат медот. Тоа беше нејзината омилена играчка од детството. Нон стоп се вртат разни типови, пријавивме, но никој ништо не презема“, очаен е тој.
Под оваа објава на „Фејсбук“ луѓето масовно коментираат дека се згрозени и колку е страшно што за поединци ништо не е свето.