Во последно време не престануваат полемиките околу пост-ковид компликациите, особено кај помладата популација, а сега д-р Мила Пауниќ од Студентската поликлиника во Белград објасни што точно се случува.
„Се’ почесто се јавуваат пост-ковид синдроми кои веројатно ќе ги имаме и во иднина. Засега тоа се оние кои имаа блага клиничка слика, но сега, после неколку недели или месеци од заразата, имаат многу посериозни компликации. Имаат проблеми со срцето, со белите дробови, нејасни тахикардии, главоболки.. Кога ќе направат крвна слика и сите прегледи, се во ред, но и понатаму се чувствуваат лошо. Да не зборувам за другите проблеми од психолошка природа. На младите дефинитивно им падна тешко изолацијата, можеби ним и најтешко“, вели докажаната професорка и доктор.
Д-р Пауниќ открива дека кога е во прашање вакцинирањето на помладата популација, најчестите прашања се дали имунизацијата ќе влијае на репродуктивниот систем и дека најмногу стравуваат од стерилитет.
„Покрај ова, велат и дека вакцината е пребргу направена, па се обидуваме да им укажеме дека живееме во 21 век, дека медицината напредувала и дека во иднина ќе има и нови уште поефикасни вакцини. Многу е важно да ги увериме младите дека не постојат теории на заговор“, вели таа.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО