Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти една убава вест. По двонеделно лекување, од болницата „8 Септември“ е испишан 20-годишен пациент, дијагностициран со КОВИД-19 енцефалитис, односно воспаление на мозокот.
Со брза помош и со количка, пациентот позитивен на Kовид-19 пред околу две недели бил донесен од Клиниката за неврологија во ГОБ „8 септември“ со симптоми налик на мозочен удар. Докторите ги направиле сите испитувања и откриле дека всушност станува збор за воспаление на мозокот енцефалит.
– Од респираторниот тракт, вирусот Ковид-19 преку крвта успеал да стигне и да го нападне мозокот, предизвикувајки сериозна клинчичка слика – објаснува д-р Илија Здравков за „Телма“.
Докторите, сестрите и медицнскиот персонал се среќни што денеска го испратиле дома оздравен и со насмевки.