fbpx

Маја Магдалина е малата хероина: Венко Филипче со детали за нејзината состојба

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче сподели емотивна порака на социјалните мрежи.

Со неговиот тим на Клиниката за неврохирургија имаше исклучително сериозен хируршки зафат кај шестмесечно бебе. Малиот пациент имаше вродена аномалија на черепот, неговата состојба беше комплексна и мораше веднаш да се оперира како не би дошло до поголеми компликации.

Операцијата која траеше неколку часа помина во најдобар ред и со помош на оваа интервенција на овој мал борец му овозможија шанса за успешен раст и развој.

„Утрово на Клиниката за неврохирургија шестмесечната Маја Магдалина ме дочека со насмевка. Малата хероина ја опериравме со мојот тим пред два дена, нејзината состојба е стабилна. На Маја Магдалина ѝ посакувам побрзо опоравување и весели детски денови“, напиша Филипче на „Фејсбук“.

Следни Објави

Прва исповед на Тамара за новата љубов: Еве кој ѝ го украде срцето

По седум години брак, Тамара Тодевска неодамна одлучи да стави точка на љубовната приказна со поранешниот кошаркар Александар Димитровски. Популарната македонска пејачка, како што кажа во една прилика, одлуката не ја донела преку ноќ, па призна дека долго време живеела во агонија. Лошиот период веќе е минато. Поп-ѕвездата повторно е […]