fbpx

Пациент починал за време на се*с со медицинска сестра: Го затекнале без алишта среде паркинг, вака се правдала

Медицинска сестра добила отказ откако е откриено дека била во врска со пациент кој починал додека имале интимни односи на паркингот во болница во Рексам, Велс.

Пенелопе Вилијамс (42) пред една година започнала да се забавува со пациент кој дошол во болницата каде што работи на дијализа, а мажот починал од срцев удар за време на вечерен се*кс во јануари минатата година, пишуваат британските медиуми.

„Почина од срцева слабост и хронична бубрежна болест предизвикана од медицинска епизода“, објави „Тајмс“.

Советот на медицински сестри и акушерки започна истрага откако доби информација дека Вилијамс не се јавила на брза помош. Таа ѝ се јавила на колешката, која и кажала веднаш да се јави на 911, но медицинската сестра не реагирала и само плачела.

Еден колега на крајот повикал брза помош. Тимот го пронашол пациентот делумно гол и без знаци на живот.

Вилијамс потоа ѝ рекла на полицијата дека отишла да го запознае откако тој и пратил порака на „Фејсбук“ дека не се чувствува добро. Таа тврдела дека поминала само „30 до 45 минути“ на задното седиште од неговиот автомобил и дека само разговарале.

„Пациентот почна да лелека и наеднаш почина“, кажала таа на првото рочиште во февруари.

Подоцна, сепак, признала дека биле во врска со жртвата цела една година и дека таа вечер се нашла со него поради сексуална средба. Недолго потоа била отпуштена.

„Постапките на г-ѓа Вилијамс се значително отстапување од стандардите што се очекуваат од регистрирана медицинска сестра и се фундаментално некомпатибилни со нејзиното останување во регистарот. Комисијата сметаше дека наодите во овој конкретен случај покажале дека постапките на г-ѓа Вилијамс биле толку сериозни што доколку ѝ се дозволи да продолжи со службата ќе ја поткопа довербата на јавноста во нашата професија“, соопшти Советот на медицински сестри и акушерки.

Следни Објави

Почина познатиот актер на 48 години: Колегите и фановите се простуваат, по еден лик засекогаш ќе го паметиме

Почина актерот Џефри Карлсон, познат по својата револуционерна улога на транс личност во сапуницата „Сите мои деца“. Имаше само 48 години, а детали за причината на смртта засега не се познати. Актерот глумеше во сапуници од 2006 година, пишува „Дедлајн“. Тажната вест ја објави уредникот на њујоршкиот театар, Адам Фелдман, […]