Има ли некој буден во нашава земја?
Татко ми СКАПУВА дома со отворени рани по цели нозе!!! СКАПУВА!
Матичната не може да не упати НИКАДЕ бидејки нели има Корона и здравствениот систем ни е во застој.
Градска Болница нема услови да го прими, Клиника нема услови да го прими, Воена е Ковид Центар.
Во меѓувреме најдовме спас во Жан Митрев и до сега го лекувавме таму. Јас треба да го продадам станот изгледа за да го продолжам лекувањето таму или да одам да му купам гробно место на време.
Ве МОЛАМ, тагнете ги Министрите, замениците, шефовите на кабинети, хирурзите кои ми затвораат врата пред нос зошто не им важи заклетвата за тешко болниве пациенти.
Татко ми МОРА да се лекува болнички, МОРА.
Дома мириса на мртво месо. Ако Министерот мисли дека тоа е хумано и е во ред некој да плаќа цел живот здравствено осигурување и така да го остават да умре, тогаш е во ред, јас се извинувам.
Во спротивно МОЛАМ да ми помогнат да го сместам некаде, да го спасиме!
Фејсбук-статус на Гордана Калинова
* Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“