fbpx

Мислела дека е настината: Паднала во кома и заборавила 20 години од животот

Ова може да му се случи на секој од нас. Се почувствувала летаргично и заминала на спиење не знаејќи дека животот ѝ виси на конец

Оваа жена, која со својата приказна ги вознемири сите, една вечер во 2021 година легнала со симптоми на настинка, а следното утро паднала во кома која траела цели16 дена. Кога се разбудила, не се сеќавала на ништо од претходните 20 години.

Британката Клер Мафет-Ри, нејзиниот сопруг и двата сина го раскажаа овој исклучително тежок период за нив во интервју за британскиот Канал 4 и објасниле дека Клер всушност имала енцефалитис, односно воспаление на мозокот, поради што ја изгубила меморијата.

„Клер околу две недели беше настината, откако се зарази од помладиот син. Постепено нејзината состојба почна да се влошува и стануваше сè полетаргична. Една ноќ отиде да спие, а следното утро не можев да ја разбудам“, ​​раскажа нејзиниот сопруг Скот.

Таа итно била префрлена во болница каде била приклучена на респиратор. На почетокот лекарите се посомневале дека има крварење во мозокот, но по тестирањето утврдиле дека се работи за енцефалитис.

„Иако знаев дека имам деца кои ги сакам и препознавам, не можев да се сетам на раѓањето, на нивните родендени, на нивниот прв училишен ден, што им се допаѓа, а што не. За среќа, се сетив на сите луѓе што ги познавам. Не знам како Скот ќе ме прифатеше ако кон него се однесував како странец. Кога станува збор за моите изгубени спомени, се’ уште има мали шанси да се вратат, во спротивно важно е дека сум жива, па ќе морам да испишам многу нови среќни моменти“, вели Клер.

Енцефалитис е акутно воспаление на мозокот кое најчесто е предизвикано од вирусна инфекција или автоимуна болест. Енцефалитисот може да биде опасен по живот ако симптомите не се препознаат навреме и ако не се побара итна медицинска помош. Луѓето од сите возрасти можат да заболат од енцефалитис, а најранлива група се доенчињата, имунокомпромитираните лица и постарите лица.

Следни Објави

Го убил шурата кој со години му ја силувал ќеркичката (9): Вака дознал!

Педесетгодишен маж од грчкиот град Волос со албанско потекло со пушка го убил својот 33-годишен шура откако дознал дека со години му ја силувал ќерката. Според грчките медиуми, 50-годишниот Грк по убиството сам се предал во полиција. Наводно, 50-годишникот во полиција изјавил дека пукал во шурата откако во вторникот наутро […]