fbpx

Неверојатна приказна на Гордана: Кога ќе слушнете кој е човекот на сликата..

Сега проси на улица

Докторката Гордана Јовин одлучи да сподели тажна животна приказна за својот колега од факултет кој сега деновите ги поминува на улица молејќи за милостина.

– Денеска повторно се соочив со една голема животна лекција. По напорниот ден посакав да прошетам во центарот на градот. Ладно јануарско попладне, кај подземните скали забележав човек чиј поглед ми се виде познат. Си помислив колку му е ладно, па уште и да моли за парче леб. Му се приближив, повторно го погледнав во очи и се соочив со исплашен поглед, но и со познат човек – ја започнува приказната д-р Јовин од Нови Сад.

Одлучила да оствари комуникација со уморенот маж кој моли за помош. Го прашала дали се познаваат. Одговорил потврдно, па го спуштил погледот.

– Бев во добри односи со неговата сестра, знам дека заврши стоматологија и ја почна специјализацијата. Го прашав како е, дали има каде да живее, дали е сам? Ми одговори дека живее во Карловци, дека не му е лесно, ама дека некако турка. Ми кажа дека е со дијагноза, дека има здравствени проблеми и не работи. Заминав тажна со многу прашалници. Човекот кој положи толку многу испити останал сам и завршил на улица. Одлучив да иницирам хуманитарен фонд и организација за колеги кои се во неволја. Мора да најдеме начин кога ни е добро да одвоиме некој денар за оние кои се соочуваат со сериозни животни предизвици – завршува докторката.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Жените родени во овој хороскопски знак често остануваат сами

Жените родени во овој хороскопски знак се во постојана потрага по совршенство. Тешко пронаоѓаат идеален партнер и неретко остануваат сами. Станува збор за жени со исклучително високи критериуми. Понекогаш се премногу принципиелни. Нивните емоции во суштина се немирни, иако делуваат крајно воздржано. Сепак, оние кои веќе се во врска или […]