fbpx

Мајка му го оставила во торба за леб: Горан е бездомник од раѓање, кога на 32 години го запознал татка си се соочил со нова трагедија

Горан Распор е бездомник од раѓање. Мајка му го оставила пред продавница во торба за леб кога имал три месеци и повеќе не сакала да го види.

„Извадила векна леб и мене ме ставила во платнена торба. Продавачот веднаш повикал полиција. Ме земале социјалните служби и ме однеле во јасли во Поток каде што сум останал до три годишна возраст. Детството до мојата 14-та година го поминав во Домот за незгрижени деца Ловран. Потоа до полнолетство ме преместија во друга инситиуција и со 18 години и пет дена повторно завршив на улица“, раскажува Горан.

На 32-годишна возраст се обидел да стапи во контакт со тродителите.

-Ѝ се јавив на мајка ми, ја најдов во телефонскиот именик, а таа ми рече: „Што сакаш од мене?“. Ѝ одговорив: „Ништо, да видам која сте, што сте..“. Тогаш таа ми рече дека не сака ништо со мене, па ја прашав дали знае кој ми е татко. Ми откри дека е на Раб-објаснува.

Горан го пронашол татко му на популарниот хрватски остров, се сретнале и разговарале.

-Неговата сопруга инсистираше да појдам да живеам со нив на Раб. Работев во пекара и се грижев за нив, бидејќи веќе имаа доживеано трагедија-изгубиле дете во сообраќајна несреќа со мотор. На мои 32 години конечно почувствував што значи да се има родител-вели Горан.

Со семејството на татко му живеел десет години. Татко му се разболел и починал. Неговата сопруга тогаш одлучила Горан да си замине.

-Ја прашав сопругата на татко ми дали сака да се иселам, а таа ми рече: „Не, не треба, ти си мој син“. Сепак, после една година ја смени бравата. Еден ден се враќав од пекарата, ноќна смена, го ставам клучот и не можам да влезам дома. Што е ова? Тропнав повеќепати пред да се појави и да ми порача: „Не живееш веќе овде“. Посакувам никогаш да не ги сретнав. Тажно е, ама така е “, раскажува Горан.

Кога починал татко ми, отпочнала оставинска постапка и се обратил до здружението „Оаза“ кое се грижи за бездомниците. Тие го примиле, а постапката се’ уште трае. Потребното сместување го добил од градот Риека“, откри Горан за ХРТ во 2020 година.

Тој потоа објаснил дека родителите, колку што знае, го оставиле затоа што биле премлади и не сакале бебе, а тој не ги обвинува.

„Програмата на градот Риека е добра што се однесува до бездомниците. Имате каде да се облечете, да се бањате и да спиете. Ако почитувате некои нивни правила на игра, нема никаков проблем. Субината не ме галела, но едноставно така требало да биде. Би било убаво да имав семејство, да не сум бездомник, но родителите не ги бираме, тоа зависи од нив“, заклучува Горан“.

Следни Објави

Најмалиот апарат во домот ја „цица“ струјата: Исклучете го навечер, сметката ќе ви се преполови

Веројантно никогаш не сте претпоставиле дека скромниот рутер за приклучување на интернет може да троши толку многу струја, но ако го оставите уклучен цел ден, исто како да сте донеле уште еден фрижидер во домот. Германската сојузна агенција за заштита на околината апелира сите да обратат внимание на енергетскиот статус […]