fbpx

Луксузен двор, поглед од милион долари: Ѕирнете во новиот дом на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се вселија во новата луксузна вила која неодамна ја купија во Марбеја, Шпанија.

Нејзината вредност се проценува на 10 милиони долари, а има и зошто. Домот е дизајниран со приватен базен, спа центар, домашна киносала, тениски терени, сала за билјард, девет спални соби, луксузен двор и совршен поглед на море и планина.

Шпанските медиуми сега го следат Ѓоковиќ на секој чекор, а еден тамошен портал напиша дека неговата нова куќа потсетува на онаа која ја имаше наркобосот Пабло Ескобар.

Фото: Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Кој е Слободан, наводниот шеф на монструозниот црногорски клан?

Уапсен е Слободан Кашчелан (55), наводниот шеф на еден од криминалните кланови во Црна Гора, потврди министерот за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ. Според неофицијални информации, уапсен е под сомнение дека организирал криминална група која направила и планирала повеќе тешки кривични дела за кои е предвидена казна затвор и до 40 […]