fbpx

Само оваа позната жена ја љубеше, ѝ почина на роденденот: Тажниот живот на ѕвездата од „Пријатели“

Фановите на „Пријатели“ утрово со неверување ја примија веста за смртта на нивниот омилен Чендлер

На 54-годишна возраст почина актерот Метју Пери. Бил пронајден мртов во када во својот дом во Лос Анџелес. Се претпоставува дека се работи за срцев удар, иако околностите за смртта засега се нејасни.

Метју Пери имаше необична животна приказна. Во текот на својата повеќедецениска кариера медиумите го поврзуваа само со четири жени, меѓу кои и оскаровката Џулија Робертс. Неговите блиски знаеја дека само неа вистински ја љубеше, иако во тоа време ја остави после само два месеца забавување. Иронично, славниот актер почина токму на нејзиниот роденден.

Беше близок пријател на Брус Вилис за кого во повеќе наврати изјави дека е најдобриот човек што го познава.

Во 1997 година, Метју Пери се повреди при страшна несреќа додека се возеше на џет-ски. Подоцна призна дека станал зависен од лекот „Викодин“ и дека истата година морал да оди на 28-дневна програма за рехабилитација. Но, зависноста и здравствените проблеми допрва следуваа.

Освен лекови против болки, Метју Пери почнал да зема метадон, амфетамини и пиел алкохол и во еден момент тежел само 66 килограми поради проблеми со панкреасот. Повторно отишол на лекување во 2001 година, а во едно интервју изјави дека не се ни сеќава на снимањето на три сезони на „Пријатели“.

Седум години подоцна, Метју Пери помина пет месеци во болница и едвај преживеа. Како што тогаш пишуваа американските медиуми, му „пукнало“ дебелото црево поради употреба на опиоиди и бил во кома цели две недели. Лекарите му рекле на семејството дека има само два отсто шанси да преживее.

Според некои извори, во текот на животот Метју имал околу 6.000 посети во групи со анонимни алкохоличари, 15 пати бил на рехабилитација и имал дури 12 операции за да си го спаси животот.

На фановите им се довери дека потрошил околу девет милиони долари на одвикнување. Тој и самиот отвори центар за лекување во 2013 година.

„Веројатно потрошив девет милиони американски долари обидувајќи се да се отрезнам“, изјави Пери.

Минатата година ги објави своите мемоари. На промоцијата призна дека одамна требало да биде мртов.

Следни Објави

Никола Роквиќ ја победи тешката болест: Го излекуваа верата и познатата докторка

Никола Роквиќ ја победи тешката болест наречена љубомора, иако на многумина им звучи неверојатно таквo згодно и успешно момче да има ваков проблем. Помладиот син на покојниот Маринко Роквиќ, сега е сопруг и татко за пример. Колегите зборуваат само најдобро за него, но пред да се ожени важеше за вистински […]