fbpx

Кој е Слободан, наводниот шеф на монструозниот црногорски клан?

Уапсен е Слободан Кашчелан (55), наводниот шеф на еден од криминалните кланови во Црна Гора, потврди министерот за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ.

Според неофицијални информации, уапсен е под сомнение дека организирал криминална група која направила и планирала повеќе тешки кривични дела за кои е предвидена казна затвор и до 40 години.

Кашчелан е наводно водач на Кавачкиот клан, еден од најмонструозните кланови во Котор, а во 2016 година за него е распишана потерница.

На пошироката јавност ѝ стана познат по неуспешниот атентат врз него и неговиот телохранител Владан Вучковиќ од Херцег Нови пред пет години во Нови Сад.

Маж на мотор тогаш отвори оган кон автомобил Ауди А6 во кој се наоѓаа и двајцата. Беа испукани повеќе од 15 куршуми, еден го погоди во стомакот, додека неговиот телохранител помина речиси неповреден.

Кашчелан беше уапсен во Чешка во 2018 година по распишана црногорска потерница. По неговото екстрадирање во Подгорица, судот ја прифати понудената гаранција од половина милион евра и му дозволи да се брани од слобода.

Кавачкиот клан е во војна со друг црногорски криминален клан исто така од Котор, во која се убиени десетици лица во Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Шпанија и во Италија.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Каде оди овој свет: Трогателна посвета по смртта на ѕвездата на „Гранд“

Не стивнуваат реакциите по смртта на Момир Луковац (24), младиот натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ кој пред два дена се застрела со пиштол. Шок: Познати деталите за самоубиството на ѕвездата на „Гранд“ По трагичниот настан се огласи и музичарот Рајо Симоновиќ кој со трогателна порака го сврте вниманието на […]