fbpx

Запеј им таму горе: Хрватска тагува, почина познатиот музичар

По тешко боледување, на 53-годишна возраст почина Давор Ерцег.

Хрватскиот музичар се прослави во осумдесеттите години на минатиот век во дубровачкиот хеви-метал составот „Црна удовица“. Подоцна беше заменет од популарниот Горан Каран.

Тажната вест на „Фејсбук“ ја објавија неговите колеги од поранешниот бенд.

„Збогум, мил наш Даворе. Малите ангели нека те носат до Исус“, стои во објавата.

Трогателна посвета напиша и музичарот и актер Здеслав Чотиќ.

„Мирно сонувај, пријателе. Запеј им таму горе да видат со каков човек си имаат работа. Беше прекрасен. Веројатно и затоа мораше да заминеш, поради некој баланс во универзумот“, напиша тој.

Фото: Фејсбук

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Те молам, вакцинирај ги децата: Лидија и сопругот починаа од корона, оставија четири сираци

Уште една семејна трагедија ги вознемири граѓаните Родители на четири деца починаа од последици на Ковид-19. Лидија (42) и нејзиниот сопруг Лоренс Родригез (49) ја изгубија битката со смртоносниот вирус, пишуваат локалните медиуми во Тексас. Лоренс бил хоспитализиран во јули кога му бил и дијагностициран вирусот, а починал на почетокот […]