fbpx

Почина ѕвездата од реалните шоуа: Остави четири деца, семејството во шок

Познатите од регионот се простуваат со трогателни посвети

Давор Андрочец од Стара Градишка, ѕвездата од хрватските реални шоуа „Супер пар“ и „Вечера за 5 на селу“, загина во сообраќајна несреќа на 52-годишна возраст. Несреќата се случила во Босна и Херцеговина.

Зад себе ја остави сопругата Мери, четири деца и два внука. Тој беше страстен моторџија кој се радуваше на секоја средба со мотоциклистите.

Давор ја освои публиката во регионот со својата позитивна енергија. Поради тешките животни околности, отсекогаш бил позрел од своите врсници, а за ова зборуваше во едно интервју.

„Имав тешко детство. Татко ми загина на мотор кога имав само шест месеци, останавме јас и мојот постар брат. Поради сплет на околности, и нашата мајка замина, па грижата за мене и брат ми ја презеде бабата на мојот покоен татко, на која сум ѝ неизмерно благодарен, бидејќи успеа од нас да направи вистински луѓе“, раскажа своевремено Давор.

Познатите од регионот се простуваат со трогателни посвети. Меѓу нив и актерот и водител Енес Бешлагиќ.

„Тешко можев да најдам слика од Давор сам, без неговата Мери. Запознавам многу луѓе во емисиите во кои работам и секојпат не ни знам колку некому значам и колку некој ми значи додека таа личност го завршува своето патување на овој свет.. Давор ја сакаше својата Мери и живееше за своите внуци, деца и пријатели.Тешко е да се објасни сето тоа и знам колку беше среќен и поради нашата врска, бидејќи поминавме едно квалитетно време заедно во емисијата „Супер пар“. Сега возиш Даворе на некои други и поубави простори, оставајќи зад себе многумина кои те паметат по твојата добрина, позитивност и искреност. Нека има твоето семејство мир и здрава глава во овие тешки моменти на тага и болка“, напиша Бешлагиќ на „Инстаграм“.

Следни Објави

Мислел дека има акна, па од челото му излегло ОВА: Отишол на доктор, следувал шок

Кога 30-годишен маж забележал израсток на своето чело, во прв момент помислил дека е во прашање поголема акна која наскоро ќе исчезне. Мозолчето се претворило во толку голем оток што во даден момент почнало и окото да му се затвора, па на работа почнале да го задеваат дека физички се […]