fbpx

Ова се трите задавени деца: Кој е таткото монструм?

Четиригодишно дете и близнаци (момче и девојче) на возраст од седум години вчера беа задавени во стан во Загреб од нивниот татко.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, 56-годишниот Харлад Копиц потоа се обидел да се самоубие со таблети.

Станува збор за австриски државјанин, угледен финансиски консултант кој живеел и работел во Загреб. Со сопругата наводно биле разведени, па децата викендов биле кај него на гости.

Во својот последен статус на „Фејсбук“ напишал: „Збогум на сите“, а како мотив ги навел нарушените односи со бившата сопруга и сегашната партнерка.

Мајката утрово во девет часот е итно хоспитализирана во Опшатата болница во Дубровник. Како што дознава „Јутарњи лист“ таа е донесена во тешка психичка состојба.

„На местото на настанот се пронајдени три безживотни тела на деца, потврдена е насилна смрт, со што постои сомневање за убиство“, соопшти загрепската полиција.

Фото: Инстаграм

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Бог да го упокои во место светло каде нема болка: Тага по 32-годишниот Гоце

Уште еден живот прерано згасна Жална вест!!! Драги браќа и сестри вчера на 23.09.2021 година по неколку месечната борба со компликациите предизвикани од вирусот, се упокои во Христа нашиот мил брат Гоце Јанѓеловски. Роден е на 30.07.1989 година во Делчево, Македонија, а нецели две години со својата сопруга живееше во […]