fbpx

„Златно дете!“ Ова е младиот македонски државјанин претепан до смрт (ФОТО)

Триесет и двегодишен македонски државјанин во саботата околу 2 часот по полноќ до смрт бил претепан во Есен, Германија, јави германскиот весник „Билд“.

Осомничени се двајца Еритрејци на возраст од 25 и 29 години кои, како што јавуваат тамошните медиуми, го тепале со пивско шише додека тој не колабирал. Потоа побегнале од местото и се упатиле кон главната железничка станица.

На тепачката ѝ претходела вербална расправија.

Случаен минувач се обидел да му даде прва помош и да го реанимира македонскиот државјанин, кој веќе бил во несвест, но веќе било доцна.

Обдукцијата на телото покажала дека причината за смртта е повреда од тап предмет.

На социјалните мрежи почна да се споделува фотографија од жртвата.

„Убиено златно дете од Жировница ( Маврово-Ростуше ) мој соселанец“, напиша еден член во фејсбук-групата „Македонци во Германија“.

„Детево ни криво ни должно излегло на прослава и не се вратило дома, судбината така сакала, да биде на погрешно место во погрешно време“, пишува тој.

Следни Објави

Опасно по живот! Стојан доживеа драма во Карпош, објави вознемирувачки слики

Општина Карпош, несреќи, дали сте нормални по не знам кој пат активни струјни кабли да ви висат по улици. Среќа се движев бавно со само 20-25км/ч.. Успеав по првиот кабел да протнам глава во линија со визир и да го избегнам, но вториот беше поприлично пооптегнат, ме одврати назад и […]