fbpx

Данијела е минато: Грашо љуби 14 години помлада девојка

Популарниот пејач и автор повторно е вљубен, овојпат во бајаги помлада девојка

По речиси две и пол децении, регионалните поп-ѕвезди Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо годинава ѝ ставија крај на љубовта. Важеа за една од најскладните двојки на естрадата, па информацијата за нивното разидување разочара многу фанови.

Како и да е, животот продолжува понатаму, особено за Грашо, ако им се верува на хрватските медиуми.

Популарниот пејач наводно има девојка и тоа 14 години помлада од него. Таа е ќерка на негов колега, докажаниот музичар Тончи Хулиќ.

Добро упатени извори велат дека нивната љубов трае веќе некое време, а Хана која исто така се бави со музика, го следи на повеќето негови настапи. Се познаваат од 2016 година кога соработуваа на песната „Срце за водича“.

Грашо со Данијела Мартиновиќ никогаш не застана пред олтар.

„Бракот ќе ни ја расипе љубовта“, изјави тој во една прилика.

За разлика од него, Данијела во оваа врска влезе со еден пропаднат брак позади себе, оној со колегата Марко Перковиќ-Томпсон. 

Фото: Инстаграм

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Паника по падот на Фејсбук: Еве како да си ги сочувате податоците!

Повеќе од шест часа „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“ беа недостапни за корисниците. Овој глобален проблем внесе забуна кај милиони луѓе кои се плашат поради настанатиот хаос да не останат без драгоцени приватни податоци. „Фејсбук“ наводно не е хакиран и наводно ниту еден профил не е компромитиран, ниту пак насилно „отворен“. […]