fbpx

Кој од кој поубав: По разводот со Анета, Џими од „Молика“ повторно е среќен

Како гром од ведро небо пред неколку месеци одекна веста за разделбата на Анета и Џими Мицевски, познатата естрадна двојка од групата „Молика“.

Важеа за една од најскладните двојки на естрадата, но по 22 години заеднички живот тие одлучија да се разделат.

И додека Анета, која веднаш го промени презимето на социјалните мрежи и сега на „Инстаграм“ се потпишува како Љумаковска, секојдневно објавува мотивирачки пораки на својот профил, Џими очигледно сега конечно има доволно време да ѝ се посвети на вистинската љубов-рекреативниот мотоциклизам.

„Кој од кој поубав“, на шега искоментира Џими под фотографијата со спортски мотори која ја објави на „Фејсбук“.

Со омилениот „ѕвер на две тркала“, познатиот музичар редовно ги истражува убавините на нашата земја, а неодамна имаше и незаборавна мото-авантура по хрватското приморје.

Иако не се повеќе заедно, Џими и Анета ќе ги гледаме на иста сцена до август следната година до кога веќе имаат претходно договорени настапи.

„Вистина е. „Молика“ ќе продолжи, бидејќи имаме договорени настапи до следната година во август. Не сме ни први, ни последни. Разводот е во постапка, а за останатото и причините не мора да се коментира. „Молика“ ќе продолжи да си работи, а Анета ќе биде со групата, тоа е нејзин избор“, порача Мицевски неодамна за порталот „Вистина“.

Анета и Џими имаат возрасна ќерка која студира и живее во Германија. Анета му е втора сопруга на Џими, а тој од предходниот брак има син кој е исто така музичар.

Следни Објави

Конечно се огласи момчето на Тамара: Пејачката е на седмо небо

Тамара Тодевска повторно е исполнета на емотивен план. Македонската поп-ѕвезда повеќе не го крие човекот кој ѝ го украде срцето и се почесто објавува заеднички моменти со него на социјалните мрежи. Популарната пејачка која по седум години брак одлучи да стави точка на љубовната приказна со поранешниот кошаркар Александар Димитровски, […]