fbpx

Кога ја слушнав, ми рече дека се бори за здив: Мајката на починатата Јована неутешна

Се’ уште не стивнуваат реакциите по смртта на младата трудница која почина од коронавирус на Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

Сега се огласи и мајката на 20-годишната Јована П.

„Последен пат се слушнавме два дена пред трагедијата. Ми рече дека е лошо, дека не може да зборува и дека се бори за здив“, открива таа.

Нејзината ќерка работела во продавница, многу ѝ се радувала на бременоста и не сакала да се омажи, туку да биде самохрана мајка.

Јована почина во четвртиот месец од бременоста, а носела близнаци. Здравствената состојба ѝ се влошила на трети октомври кога била и префрлена на одделението за интензивна нега и приклучена на респиратор.

Српските медиуми информираат дека жената не била вакцинирана.

Фото: Фејсбук

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Беше едно од најпрепознатливите лица на Макфест: Естрадата тагува по Трајче

По кратко боледување почина познатиот новинар Трајче Јованов. Неговата смрт погоди многумина. Колеги, но и луѓе од естрадата кои засекогаш ќе го паметат како едно од најпрепознатливите лица на „Макфест“. Во прес службата на штипскиот фестивал беше од 1988 година. Најголемиот дел од својата 40-годишна кариера ја помина во радио […]