fbpx

Ja изгубив ќерка ми поради глупост: Потресно сведоштво на Марија, родители внимавајте

Саманта Џенкинс од Велс имала 19 години кога починала во 2011 година. Почнала да се чувствува исклучително лошо на само три дена пред да умре.

По повеќе од една деценија од смртта на несреќната тинејџерка, нејзината мајка Марија Морган за „Велс Онлајн“ раскажува дека на кобниот ден се сеќава како да се случил вчера и дека оттогаш не се опоравила.

Се присетува како нејзината ќерка се пожалила дека не се чувствува добро и на почетокот мислеле дека тоа е поради дехидрираност, бидејќи претходниот ден била премногу на сонце.

„Во еден момент слушнавме тап удар, кога јас и мојата друга ќерка се стрчавме кон нејзината соба и ја затекнавме на подот. Имаше некој чуден напад и веднаш повикавме брза помош која ја пренесе во болница“, ја започнува својата исповед г-ѓа Морган.

Лекарите ја ставиле во индуцирана кома откако не можеле да ѝ ги смират грчевите, а дури ниту лековите не помогнале.

Состојбата на Саманта не се подобрувала, а три дена подоцна од невролошкото одделение ѝ соопштиле на Марија дека нејзината ќерка починала.

„Си го донесов чедото во болница во петок, а во понеделник излегов од клиниката само со нејзините наочари. Беше ужасно, не можам да ви опишам. Подоцна, токсиколошките наоди покажаа дека немала никакви недозволени супстанци во телото. Не помина многу време кога другата ќерка ми спомна дека Саманта била голем фан на гуми за џвакање, па ова веднаш им го пренесов на патолозите, по што се фокусираа на ова сознание“, вели Марија.

По деталното расчистување на собата на Саманта, нејзината мајка открила дека таа редовно џвакала мастики и дека дневно купувала најмалку по едно пакетче.

„На интернет истражував што би можело да се случи доколку се претера, па сфатив дека во гумите за џвакање се наоѓаат штетни супстанци како аспартам и сорбитол. Со претерано консумирање ризикувате нивото на соли во организмот драстично да ви опадне, а исто така може да резултира со синдром на иритабилно црево“, истакнува Марија која е уверена дека наглото вложување на здравјето на нејзината ќерка е последица токму на ова.

Таа апелира до сите родители да обрнат внимание на децата додека се уште мали и да ги одвикнуваат од гуми за џвакање.

„Не можам со сигурност да тврдам дека тоа ја уби мојата ќерка, но постои можност сериозно да влијаеле на нејзиниот имунитет што резултирало со компликации, а потоа и со смрт“, заклучува таа.

Следни Објави

„Умира пред нашите очи“: Ракот ѝ се прошири, Шенон Доерти сподели видео од болницата

Шенон Доерти, поранешната ѕвезда од хит-серијата „Беверли хилс“, сподели видео од болницата пред операцијата за отстранување на тумор од мозокот. Легендарната Бренда која со години се бори со рак на дојка неодамна дозна дека ѝ се проширил на мозокот. Со своите следбеници редовно споделува моменти од храбрата битка, па така […]