fbpx

Бебето на Викторија почина во сон, очајната мајка се упокои 14 часа подоцна: Семејна трагедија во Британија

Неутешна мајка починала од проблеми со срцето, само 14 часа откако нејзиното петмесечно бебе починало во сон.

Ова е резултатот од истрагата за трагедијата што се случи на 9 август минатата година во домот на Викторија Мардосиен во Њукасл. Итната помош пристигнала бргу по повикот дека петмесечниот син Кевин Дегитас не дише и се оладил.

Лекарите се бореле да го спасат и тој бил пренесен во универзитетската болница Ројал Стоук, но бебето било прогласено за мртво.

По оваа трагедија, мајката на детето (32) се обратила за помош кај психијатрите во болницата Харпландс, велејќи им дека го изгубила своето дете.

Додека била таму, оваа Литванка доживеала срцев удар и починала во истата болница како и нејзиниот син, пишува „Дејли мејл“.

Покрената е истрага за смртта на бебето. Според властите, куќата во која Литванката живеела со бебето била крајно неуредна и загушлива.

Во истрагата за смртта на Кевин доказите ги презентирал патологот Тајлер Лоу кој изјавил дека дневната соба била пренатрупана со кутии и со играчки на подот.

-Слушнавме од болничарите дека детето нема воздух и дека му ставиле цевче во устата и грлото. Ѝ пријдовме на Викторија да се распрашаме, таа ни рече дека не разбира англиски. Му се јави на таткото на бебето и го праша „Дали е моето бебе мртво?“. Потоа почна да плаче-изјави тој.

Бебето заспало во 23 часот, а во 01:34 е заведена реанимацијата, а потоа Викторија била пренесена во болницата.

„Фер е да се каже дека беше во разбирливо вознемирена состојба. Врескаше, се дереше, се клатеше напред-назад извикувајќи ги зборовите: Убијте ме и мене!“.

Било утврдено дека има историја на семејни проблеми и дека надлежните служби биле во контакт со семејството.

Лекарите укажуваат дека постои можност бебето да починало додека спиело со своите родители, дека некако останал без воздух и дека дошло до хипотермија, но нема докази за ова.

Што се однесува до мајката, таа немала претходен контакт со службите за ментално здравје. Пред смртта ѝ била дадена соодветна доза на седативи. Во нејзината крв не е пронајден алкохол или други отровни материи.

Д-р Ендрју Хичкок, лекар-коронер кој ја изврши обдукцијата, изјави дека немало ниту надворешни повреди.

Следни Објави

Неочекуван пресврт! Коста повторно се огласи, една работа ги шокира сите

Коста Кецмановиќ, 13-годишниот тинејџер кој на трети мај тргна во крвав поход во училиштето „Владислав Рибникар“ и уби девет ученици и вработен од обезбедувањето, не мирува на клиниката каде е сместен на опсервација и психијатриско лекување. По трагедијата која го потресе и згрози целиот регион, се појавија различни шпекулации, најмногу […]