fbpx

Ова е страшно: Трогателни зборови по смртта на Маринко Роквиќ

По тешко боледување, на 67-годишна возраст почина пејачот Маринко Роквиќ.

Тажната вест ја потврди и неговиот син, исто толку популарниот Никола Роквиќ.

„Ве молам, имајте разбирање. Ќе се слушнеме подоцна. Точно е дека почина. Ви благодарам што се јавивте и изразивте сочуство, сега не можам да зборувам“, изјави тој за српскиот портал „Нова“.

Колегите на Роквиќ со неверување ја примија информацијата за неговата смрт, иако беа запознаени дека од неодамна е хоспитализиран и дека веќе подолго време се бори со бактерија која му го нападнала организмот.

„Не можам да поверувам дека повеќе го нема. Ова е страшно. Му благодарам за се’, мое најискрено сочуство до семејството. Беше голем пејач, голем човек и пријател. Знам дека имаше здравствени проблеми, но мислев дека ќе ја надмине оваа состојба и дека уште долго ќе живее“, вели Мирослав Илиќ.

Насловна: И-сток/Данијел Милутиновиќ

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Долго не го признаваше: Маринко Роквиќ за вонбрачниот син

Легендарниот фолк-пејач почина на 67-годишна возраст Долго чуваната семејна тајна на Маринко Роквиќ пред неколку години конечно беше обелоденета во медиумите. Пред да ја запознае сегашната сопруга Славица која од Загреб се пресели во Белград и со која ги има синовите Никола и Марко, популарниот пејач имал кратка љубовна авантура […]