fbpx

Никола Роквиќ ја победи тешката болест: Го излекуваа верата и познатата докторка

Никола Роквиќ ја победи тешката болест наречена љубомора, иако на многумина им звучи неверојатно таквo згодно и успешно момче да има ваков проблем.

Помладиот син на покојниот Маринко Роквиќ, сега е сопруг и татко за пример. Колегите зборуваат само најдобро за него, но пред да се ожени важеше за вистински заводник, а убавата Едита Арадиновиќ призна дека како мала се вљубила во него и дека „умрела од среќа“ кога сестра ѝ договорила Никола преку телефон да ѝ честита роденден.

Иако девојките го обожаваа, Никола не беше среќен во врските бидејќи љубомората му го уништуваше секое уживање. Тој отворено зборуваше за ова откако ја победи оваа таканаречена болест и вистинска љубов пронајде во Бојана Баровиќ со која подоцна се ожени.

„Поминав низ различни фази во врските, а имаше и моменти кога бев љубоморен. Оваа состојба ме кочеше, ме гушеше, ми го загорчуваше животот. Порано ми се случуваше да имам чувство дека сакам да се задушам од љубомора. Некои врски целосно ги уништив поради тоа. Со текот на времето сфатив дека морам да сменам нешто кај себе“, изјави Никола во интервју кога веќе беше во врска со Бојана.

Кога станал свесен дека има сериозен проблем, решил да си ги излечи душата и срцето и успеал сам да се избори. За волја на вистината, многу му помогнале книгите што ги читал, меѓу кои и оние напишани од д-р Владета Јеротиќ, познат невропсихијатар и академик кој се занимава и со духовни теми.

Во топ-моделот Бојана која поради семејството се откажа од светска кариера пронајде се’ што бараше-добра душа, интелигенција и висок морал.

Нивниот брак сиве овие години е без ниту една дамка. Имаат три деца кои ги воспитуваат да ги почитуваат традиционалните вредности.

Следни Објави

Шок! Се појави слика на која Коста пука (ФОТО)

Во тек е судењето против Владимир Кецмановиќ, таткото на 14-годишното момче кое на трети мај во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и обезбедувачот Драган Влаховиќ. Против него, кој по инцидентот е во притвор, е покренато обвинение под сомнение дека оружјето што го поседувал во станот не го чувал соодветно, […]