fbpx

Потресно, сите плачат: На смртна постела ова им го кажал на синовите

Средба која Никола и Марко никогаш нема да ја заборават

По тешко боледување, во 2021 година од рак на панкреас на 67-годишна возраст почина Маринко Роквиќ.

Легендарниот пејач последните денови од животот ги помина во домот на Кошутњак, а српските медиуми неодамна открија детали од неговиот последен разговор со синовите.

„Ги замоли да останат скромни, да останат сложни и секогаш да бидат еден покрај друг. Посебно ги замоли да се грижат за мајка си и на своите деца постојано да им зборуваат дека дедо им ги сакал најмногу на свет. Им нагласи и со нивниот полубрат да останат во добри односи, дека крвта не е вода и дека на крајот на сите ни останува само семејството. На двајцата им се заблагодари што биле прекрасни синови кои никогаш не го посрамотиле или изневериле. Им порача да си ги чуваат сопругите и децата. Ги замоли да му простат ако некогаш ги навредил или можеби бил премногу строг, бидејќи секогаш имал добра намера“, открива извор близок до семејството Роквиќ.

Никола и Марко едвај се воздржале да не пуштат солза, бидејќи Маринко останал насмеан дури и кога болките му биле најнеподносливи.

„Кога ја напуштија собата, плачеа со часови. Многу им е тешко, но судбината е сурова, а животот мора да продолжи“, дополнува истиот извор.

Следни Објави

Бебе загина во сообраќајка кај Струмица

Бебе кое се превезувало во возило кое излетало од патот вчера попладне на патот Струмица-Ново Село го загубило животот. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. – На 18.03.2024 околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и […]