fbpx

Славниот пејач почина од корона: Посветата од колегите ќе ве расплаче

Трагедија!

Шпанскиот пејач Карлос Марин (53), член на славната група „Ил Диво“, почина од последици на Ковид-19, јавија светските медиуми.

Вирусот му бил дијагностициран на седми декември, а веќе наредниот ден бил хоспитализиран. Неколку дена подоцна бил поставен во медицински индуцирана кома во Кралската болница во Манчестер.

Смртта на славниот вокалист ја потврдија и членовите на бендот.

„Со скршени срца ве информираме дека нашиот пријател и партнер Карлос Марин почина. Ќе им недостига на своите пријатели, на фановите и на семејството. Никогаш нема да се повтори таков глас или дух какви што имаше тој“, стои во објавата.

Само два дена пред да заврши во болница, Марин го имаше својот последен концерт. На почетокот од месецов ентузијастички зборуваше за претстојните настапи со составот.

Фото: Твитер

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Заспа и никогаш не се разбуди: Почина Касандра

Денс-ѕвездата од деведесеттите, Даворка Ручевиќ позната како Касандра, почина на 55-годишна возраст. Тажната вест ја потврди и нејзината мајка Даринка. „Заспа и никогаш не се разбуди. Многу ми е тешко, моментално се наоѓам кај пријателка бидејќи не можам да бидам сама. Вечерта се бакнавме и се прегрнавме и секоја замина […]