Џон Вадингтон, член на англискиот пост-панк бенд The Pop group, почина на 63-годишна возраст.
Тажната вест на социјалните мрежи ја потврдија членовите на бендот.
„Почина Џон Вадингтон, поранешен гитарист и еден од основачите на The Pop Group. Влијателен музичар и составен член на групата, Џон придонесе за некои од најпознатите снимки на бендот“, напишаа тие.
„Џон свиреше на албумите I и For How Much Longer Do We Tolerate Mass Murder?, конкретно на првите два албума на The Pop Group. Ќе ни недостигаат неговата енергија, беше искрен пријател, а неговото незаборавно музицирање ќе остане засекогаш запаметено“, стои во нивното соопштение до медиумите.
Причината за смртта се’ уште не е објавена, пишува „Мирор“.
Џон својот прв бенд го основал на само 17 години, а соработувал и со The Boyfriends. Составот The Pop group е основан во Бристол во 1977 година.