Денс-ѕвездата од деведесеттите, Даворка Ручевиќ позната како Касандра, почина на 55-годишна возраст.
Тажната вест ја потврди и нејзината мајка Даринка.
„Заспа и никогаш не се разбуди. Многу ми е тешко, моментално се наоѓам кај пријателка бидејќи не можам да бидам сама. Вечерта се бакнавме и се прегрнавме и секоја замина во својот стан. Тоа беше нашата последна средба“, изјави таа за порталот „Загреб.инфо“.
Во врвот на популарноста, Касандра ги сними хитовите „Био би добро“ и „Ниси ти једини на свијету“, а потоа мистериозно се повлече од естрадата.
Последен пат во јавноста се појави во 2007 година на роденденска забава во еден загрепски хотел, пишуваат хрватските медиуми.
„Се повлеков бидејќи не сакав да се сликам колку да ме има. Ми беше дијагностицирана ендометриоза, не можев да одам, дваесет години не сум била ниту на скијање, ниту на пливање. И што сега, треба ли по овие работи да бидам позната“, изјави таа во јануари годинава за „24 сата“.
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.