fbpx

На ангелите не им е местото овде: Мајката на трагично починатото бебе ќе ве наежи

Се’ уште не стивнуваат реакциите во јавноста за починатото 17-месечно бебе кое падна од вториот кат на зградата каде живеело со својата мајка. По несреќниот случај во Краљево, сега со трогателна порака на социјалните мрежи се огласи мајката на детето.

Таа им се заблагодари на сите за поддршката и сподели срцепарателна посвета.

„Знаете, откако ја родив Касија, секогаш му се заблагодарував на Бога. Колку е нереална, колку е најдобра на целиот свет. Постојано плачев од среќа, едноставно не можев да верувам каков ангел сум родила. На ангелите не им е местото овде. Ви благодарам на сите за пораките, за молитвите, апсолутно за се’. Мојот ангел е сега на некое подобро место“, напиша таа.

Се’ уште трае истрагата за трагедијата која го потресе регионот. Српските медиуми пишуваат дека покрај прозорецот бил креветот на кој бебето се поткачило и така паднало од отворениот прозор. Според очевидци на несреќата, девојчето паднало на плочникот со раширени раце. Веднаш реагирала брзата помош, но повредите биле фатални.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Вредеше секоја солза: Надица Ристова открива низ каков пекол поминала

Веројатно сите сте запознаени со приказната на малиот херој Лука, роден со само 720 грама во 29-та гестациска недела. Роден е со микроцефалија и глувост, по што е дијагностициран и тумор на црниот дроб. Токму поради туморот, како што и раскажа во една прилика д-р Аспазија Софијанова, Лука мораше да […]