fbpx

Ѝ пишала на починатата сестра, а потоа стигнал одговор: Се шокирала на лице место!

Во моменти на слабост и обидувајќи се да се утеши откако пред две година починала сестра ѝ, една девојка повремено праќала пораки на нејзиниот телефон.

Неодамна, операторот го доделил бројот на друг корисник и се случила со крајно бизарна ситуација.

Фејт Сидмен на својот профил на „Тик Ток“ сподели видео во кое зборува за настанот.

„Денеска многу размислувам за тебе. Те сакам“ е последната порака која во јули минатата година ја испратила на бројот на починатата сестра, пренесува „Мирор“.

„Имате погрешен број“, одговорил новиот корисник на бројот што го имала сестра ѝ.

@faithsidman1

at least i got to see her name pop up on my phone one last time 🙂

♬ Only Love Can Hurt Like This (Slowed Down Version) – Paloma Faith

Фејт се извинила и објаснила зошто ги праќала пораките.

„Мислев дека е вон употреба. Нема повеќе да ви пишувам“, одговорила таа и уште повеќе се разочарала кога личноста од другата страна само строго ѝ возвратила: „Те молам, престани да ми испраќаш пораки“.

Видеото има милион прегледи.

Илустрација: Профимедија

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Драматично: Што ги поврзува Матеј Периш и исчезнатата Билјана?

На таткото на Матеј Периш би му порачала да биде храбар и да не губи надеж дека син му е жив и дека заедно ќе се вратат во Хрватска, затоа што десет дена е краток временски период. Вака ја почнува својата приказна Весна Ѓориќ, мајката на Билјана која исчезна пред […]