Познатата македонска манекенка со интернационална кариера, Катарина Ивановска, сподели неколку фотографии од празнично патување во Италија.
Таа со нејзината последна објава на социјалните мрежи ги потврди шпекулациите дека има ново момче.
Станува збор за познато лице, директорот на „Асура Груп“.
Ивановска и Стефан Ханџиски разменуваат нежности на објавените слики, а двојката е во друштво на двете деца кои нашиот топ-модел ги има со поранешниот партнер.
Катарина пред врската со Ханџиски кратко се забавуваше со поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ.