Познатиот македонски водител Марко Новески пред две недели стана татко, а радосната вест самиот ја сподели на социјалните мрежи.
„Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон. Те сакам“, напиша тој на „Фејсбук“ по нивното раѓање.
Новески сега сподели фотографија со близначињата и напиша: „Мојата дупла среќичка“.
Водителот на многу ТВ-проекти кој публиката најмногу го препознава по шоуто „Дај побрзај“ стапи во брак со неговата избраничка во август 2021 година.