fbpx

Се самоуби познатата мисица: Нејзините последни зборови се потресни

Семејството на поранешната убавица е скршено од болка

Поранешната Мис Америка, 30-годишната Чесли Крист, се самоуби скокајќи од покривот на зградата во која живеела, потврди полицијата.

„Пронајдена е мртва на улицата под луксузниот објект Орион каде неодамна се всели“, објавија светските медиуми.

Непосредно пред трагедијата, таа на својот инстаграм-профил објави потресни зборови.

„Нека овој ден ти донесе одмор и мир“, стои во пораката.

Чесли која беше дипломиран правник, а работеше како новинарка, победи на престижниот натпревар Мис Америка во 2019 година.

„Таа беше инспирација за многу девојки. Се бореше за социјална правда, едноставно се грижеше за другите. Нашите срца се скршени“, пишуваат на социјалните мрежи нејзини блиски роднини и пријатели.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не ѝ беше добро: Потресни детали за последните денови на Ксенија

Не стивнуваат реакциите по ненадејната смрт на првата сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ. За Ксенија Вучиќ која почина на 54-годишна возраст, колегите и соработниците имаат само пофални зборови. За тоа колку голем професионалец всушност била, зборува и нејзиното последно гостување во емисијата на Немања Великиќ. Тој сега одлучи да […]