fbpx

Анастасија пронајдена гола и завиткана во чаршаф: Страшни детали за убиената млада жена

Анастасија Рубинска, 27-годишната полска државјанка која во понеделнико исчезна на грчкиот остров Кос, е пронајдена мртва. Нејзиното тело го пронајде волонтер кој се вклучи во интензивната потрага по исчезнатата жена.

Според агенцијата AMNA, нејзиното тело било пронајдено голо и завиткано во постелнина, додека горниот дел бил дополнително покриен со најлонска кеса.

По трагичниот крај на потрагата по Рубинска, полицијата сега е фокусирана на разрешување на страшното злосторство, бидејќи главниот осомничен, кој беше уапсен во саботата, не го признал убиството.

Локацијата на која Анастасија била пронајдена мртва, под дрво и покриена со лисја и гранки, е на околу еден километар од домот на 32-годишниот маж од Бангладеш кој претходниот ден бил уапсен под сомнение за киднапирање. Во саботата е пронајден и мобилниот телефон на Рубинска на половина километар од куќата на осомничениот, без СИМ-картичка.

Грчките медиуми пренесуваат дека нејзина ДНК била пронајдена во куќата на осомничениот, а полициските истражители на него забележале гребнатини и знаци кои укажуваат на физичка пресметка, кои, како што тврди, настанале како последица на сообраќајна несреќа што неодамна ја имал.

Наводно, осомничениот ѝ рекол на полицијата дека тој и Анастасија биле интимни во неговиот дом пред да ја остави на локација од каде што требало да ја земе нејзиниот партнер.

Рубинска пристигнала на островот Кос со својот полски партнер за да работи во хотел во областа Тигаки-Мармари во текот на летната сезона.

Нејзиниот партнер ја пријавил како исчезната во вторникот. Тој ѝ изјавил на полицијата дека Анастасија го контактирала во понеделникот вечерта за да каже дека е пијана, а подоцна му испратила порака со точната локација за да може да ја земе. Но, кога пристигнал, не нашол никого, а нејзиниот мобилен бил исклучен.

Безбедносната камера ја снимила Анастасија како влегува во ресторан за готова храна неколку часа пред да исчезне, додека последен пат е видена во мини-маркет каде изгледала прилично поднапиена кога наишла на група од четворица мажи од Пакистан и Бангладеш и тргнала со едниот од нив, сега првоосомничениот, и со мотор заминала во непознат правец.

Интензивната потрага на полицијата, пожарникарите, цивилната одбрана, локалната спасувачка екипа и кучињата трагачи ја продолжиле потрагата по Рубинска се’ додека нејзиното тело не било пронајдено во неделата попладне. И нејзината мајка пристигна од Полска со приватен детектив за да помогне во потрагата.

Се верува дека Анастасија најверојатно била задавена.

Следни Објави

Тешка несреќа се случи: Македонија тагува, еве кое е момчето кое загина на 28 години

Уште еден живот прерано згасна На 18.06.2023 околу 15:20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица-с.Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С. (28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот. Во […]