fbpx

Загина познатата мисица: Сите се во шок, со видео си ја предвиде смртта

Аријана Виера (26), актуелната мис на Венецуела, загина во сообраќајна несреќа во Орландо, Флорида.

Оваа убавица требаше да ја претставува Венецуела на изборот за Мис Латинска Америка 2023 година во Доминиканската Република во октомври.

Трагедијата ја потврди и нејзината мајка Вивијан Очоа.

Таа тврди дека нејзината ќерка заспала додека возела од замор, кога удрила во возилото пред неа.

Како што вели, брзата помош пристигнала брзо и двапати ја оживеале нејзината ќерка, но таа починала на пат кон болница.

„Ја оживеаја и тогаш доживеа срцев удар. Повторно ја вратиле во живот, но починала кога ја однеле на трауматологија“, им изјави на медиумите, пренесува британски „Сан“.

Манекенката се подготвувала и да учествува на натпревар за убавина во Њујорк.

Она што многумина ги шокираше е тоа што оваа девојка пред само неколку месеци објави чудно видео на кое како да си ја предвиде својата смрт.

Таа се снимаше за „нејзиниот погреб“.

„Се снимам за идниот погреб затоа што на видеата секогаш сум јас, никој друг не го прави тоа“, напиша таа под видеото кое го објави на социјалните мрежи.

Следни Објави

Филмски грабеж среде бел ден: Објавена снимка, граѓаните снимиле сѐ (ВИДЕО)

Филмски грабеж се случи во ексклузивна продавница на „Гучи“ во трговски центар во срцето на Лос Анџелес. Девет маскирани напаѓачи среде бел ден влегле во оваа продавница, грабнале колку што можат чанти и куфери кои чинат илијадници евра. Засега нема информации дали некој е уапсен и колкава е точната материјална […]