fbpx

Изгубивме една преубава храбра жена: Имаше само 24 години

Млада новинарка загина во воениот конфликт во Украина

Во нападот во кој е ранет новинарот на „Фокс њуз“, Бенџамин Хол, а убиен камерманот Пијер Закржевски настрада и украинската новинарка Олександра Кавшинова, јавуваат светските медиуми.

„Во вчерашниот напад во близината на Киев изгубивме една преубава храбра жена. Саша ја сакаше музиката и беше духовита и добра. Имаше само 24 години. Изминатиов месец работеше заедно со нашиот тим и одработи феноменално“, напиша на „Твитер“ продуцентката на „Фокс њуз“.

Војната во Украина започна на 24 февруари откако руските сили влегоа во оваа земја по наредба на Владимит Путин. Оттогаш имаше повеќе безуспешни рунди на мировни преговори, а УНХЦР соопшти дека повеќе од два милиона луѓе ја напуштиле Украина.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ненадејно почина нашиот млад сограѓанин: Илиевски сподели тажна вест

Уште еден живот прерано згасна Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, сподели тажна вест на својот официјален фејсбук-профил. „Со длабоко жалење ја примивме веста за ненајдената смрт на нашиот млад сограѓанин Бесјан Јашари. Искрено сочуство до семејството и пријателите. Почивај во мир Бесјан“, напиша Илиевски. Нека почива во мир! Фото: Фејсбук […]