fbpx

Се огласи новинарот Фуркан Салиу: Еве што открива за пиштолот и за апсењето

Се огласи новинарот Фуркан Салиу преку официјалната фејсбук-страница на Портал Х.

Пишува дека жали што со неговото однесување предизвикал ситуацијата да ексалира, а за пиштолот вели дека има дозвола.

„Жал ми е што со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира за да завршам со лисици. Жал ми е и ако ве разочарав вас што верувавте во мојата работа. Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата. Иако се беше снимено, полицијата ги избриша материјалите во полициската станица.

Што се однесува до пиштолот што беше пронајден во мојот автомобил.. Пиштолот е со дозвола и пронајден во мојот автомобил. За време на моето апсење, телефонот и клучевите ми испаднаа од џебот и ги зеде снимателот. Без судски налог и без јас да бидам присутен како сопственик на автомобилот, беше претресен автомобилот од страна на специјалната единица. Делото за кое се товарам, напад врз полицаец, не држи вода и никогаш не може да се докаже. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека ќе се видиме наскоро“, пишува Салиу.

Новинарот Фуркан Салиу беше уапсен попладнево. На социјалните мрежи и на неколку онлајн медиуми беше објавено видео од кое се забележува како повеќе униформирани специјалци од МВР апсат лице кое се наоѓа на земја и не пружа отпор.

Следни Објави

Скопјанка почина, нејзиното бебе се бори за живот: Голема несреќа се случи

Скопјанка починала на скопските клиники, по тешка сообраќајна незгода која се случила во саботата на патниот правец Велес-Скопје, информира порталот „Скопје инфо“. Со тешки повреди во несреќата се здобило нејзиното бебе кое е хоспитализирано на КАРИЛ.  Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија несреќата и велат дека истата се случила […]