fbpx

Порасна во беда, ја нарекуваат руската пепелашка: Наталија сега живее како во бајка (ФОТО)

Несекојдневна животна приказна има најпознатата руска манекенка, топ-моделот Наталија Водјанова (39). Поради нејзиното тешко минато и растењето во беда, таблоидите често ја нарекуваат и Пепелашка.

Водјанова минатата година конечно се омажи со долгогодишниот партнер Антоан Арно, а плод на нивната љубов е синот Максим роден 2014 година.

Антоан е син на Бернард Арно, првиот човек на конгломератот LVMH во чии рамки функцинонираат брендовите „Луј Витон“, „Диор“ и „Живанши“. Станува збор за еден од најбогатите луѓе на светот според „Форбс“ чие семејното богатство е проценето на 84 милијарди фунти.

Наталија потекнува од едно руско село. Детството го поминала со самохрана мајка и аутистична сестра, а во младоста работела на пазар. Токму овде ја приметил моден агент кој ѝ го променил животот.

На 17 години се отселила во Париз. Во 2001 година го запознала првиот сопруг, британскиот аристократ Џастин Портман со кого ги има ќерката Нева и синовите Лукас и Виктор. Од него се разведе по точно една деценија.

Фото: Профимедија/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Во тек е идентификација: Дали Матеј конечно е пронајден?

Откако српските медиуми во четвртокот известија дека во белградската населба Умка е пронајден машки леш во фаза на распаѓање закачен за сплав, во тек е обдукцијата и утврдувањето на идентитетот. Како што информираа, поради висока фаза на распаѓање на телото, ќе мора да се почекаат наодите на форензичарите, а на […]