fbpx

Во тек е идентификација: Дали Матеј конечно е пронајден?

Откако српските медиуми во четвртокот известија дека во белградската населба Умка е пронајден машки леш во фаза на распаѓање закачен за сплав, во тек е обдукцијата и утврдувањето на идентитетот.

Како што информираа, поради висока фаза на распаѓање на телото, ќе мора да се почекаат наодите на форензичарите, а на местото на настанот излегоа екипи за увид и Итната помош, пишува порталот „Јутарњи.хр“.

Резултатите од обдукцијата се очекуваат и во хрватската полиција со оглед на фактот што потрагата по исчезнатиот 27-годишен Матеј Периш се’ уште е во тек.

„Се’ додека и официјално не се утврди идентитетот, полицијата нема да излегува со информации во јавноста“, велат од таму.

Потсетуваме, Матеј Периш исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември во Белград.

ОСТАНАТИТЕ ВЕСТИ ЗА МАТЕЈ ПЕРИШ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ!

Фото: Том Дубравец/Кропикс

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Македонија тагува: Се упокои во Господ сестра Синклитикија

Вчера, по кратко боледување, се упокои во Господ сестра Синклитикија од манастирот „Свети архангел Михаил“ во Берово, објави „Премин Портал“. Погребот ќе биде во сабота, на 26 март 2022 година, по Литургијата, која ќе започне во 9 часот во манастирот „Свети архангел Михаил“, во Берово. Бог да ја упокои нејзината […]