fbpx

Да се напиеме, можеби утре ќе ме нема: Потресни зборови на загинатиот Бранко

Бранко Чокорило, еден од загинатите работници во рударската несреќа која во април годинава се случи близу Сокобања, како да имал претчувство за трагедијата, велат неговите пријатели.

Му се јавил на својот другар и на шега му рекол: „Ајде да испиеме по некоја, можеби утре ќе загинам“, ги прераскажуваат последните негови зборови.

„Ни раскажуваше како пред неколку дена ѝ рекол на сопругата да му го подготви костумот за погреб, бидејќи нешто не му било како што треба. Ете, гледате што се случи. Трагедија! Беше добар човек, еден од омилените во селото“, дополнуваат тие.

Семејството е завиено во црно. Велат дека се’ уште немаат добиено детални информации за несреќата.

„Беше подготвен на ризик. Тоа му е и во опис на работното место. Последните денови како да претчувствуваше нешто“, велат од семејството.

Во рудникот „Соко“ загинаа осум лица.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Синко мој, да те видам, гласот да ти го слушнам: Потресна исповед на мајката на Радован

Радован Грујиќ (47) е еден од загинатите работници во рудникот „Соко“ близу Сокобања. Неговата мајка Десанка е неутешна. „Го изгубивме. Ах, синко мој, да те видам, гласот да ти го слушнам“, скршена од болка во плач извикува таа, пренесува „Србија данас“. Таа вели дека кобната ноќ го испратила најнормално на […]