fbpx

Отокот на мозокот може да биде од повеќе причини: Се огласија од КАРИЛ

Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ остро ги осудува сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на 27-годишниот ракометар на Бутел, Денис Тот.

„Од самиот прием ја истакнавме тежината на состојбата во која пациентот е примен и сите обиди за реанимација. Се надеваме дека надлежните институции ќе го расветлат случајот во брзо време. До семејството уште еднаш изразуваме длабоко сочувство за нивната загуба“, се наведува во соопштението.

Според нив, пациентот бил примен рано утрото на 7 април во Ургентниот центар во Скопје без срцева акција и знаци за живот, и без видливи повреди. Дежурните лекари со колегите од КАРИЛ веднаш на прием пристапиле кон срцева и белодробна реалнимација. По половина час е воспоставена срцева акција. И покрај критичноста на ситуацијата, веднаш е направена компјутерска томографија на целото тело. При самиот прием на пациентот, повикани се сите екипи, од Неврохирургија, од Абдоменална хиругија, Торакална и од Трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија.

„Глобалниот оток на мозокот што е констатиран на томографијата може да биде од повеќе различни причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час. Времетраењето на враќањето на пациентот во живот е потврдено од колегите од Неврохиругија кои биле присутни во текот на целиот период на лекување на пациентот“, велат од Клинкиката.

Понатаму е наведено дека пациентот кој по приемот и реанимацијата е префрлен на КАРИЛ, починал на 8 април во пладневните часови после 24 часа борба за живот и неколку дополнитени реанимации.

„Телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта беше предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанал прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта. Од самиот прием во Ургентниот центар, МВР е известено за состојбата на пациентот. Во текот на вчерашниот ден целокупната документација беше предадена на Јавното обвинителство. Денес медицинската документација е на увид и на ДСЗИ“, стои во соопштението на Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ.

Следни Објави

(ФОТО) Кој е осомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот?

Полицијата приведе две лица, а трага по првоосомничениот за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот кој, според последните информации, починал како последица од претепување. Порталот неофицијално дознавава дека станува збор за Ангело Ѓоргиевски, кој според неговиот профил на Фејсбук живее во Марибор, Словенија. По него е распишана централна потерница, што […]