fbpx

Мајка му дала одобрение: Неочекувани сознанија од клиниката каде е сместен Коста

Коста Кецмановиќ (13), кој пред една недела со пиштолот на својот татко уби осум деца од ОУ „Владислав Рибникар“ и училишниот чувар, а рани шест ученици и наставничката по историја, се наоѓа во специјалното одделение во психијатриска установа.

Според законот, мајката на Коста дала дозвола тој да престојува во споменатата установа на набљудување, но како што дознава порталот „Србија данас“ информациите за малолетниот убиец се чуваат во најстрога тајност.

Ниту вработените во клиниката немаат увид во податоците за здравствената состојба на Коста, што е нормална практика бидејќи во електронската база се евидентираат податоци за прием на пациенти, како и ажурирање на податоците за прегледите и промените во состојбата.

Поради деликатноста на случајот, во медицинскиот картон на Коста биле внесени само информации за прием со име и презиме, без никакви детали.

Клиниката во која се наоѓа Коста постојано добива смртни закани, па властите ги зголемија безбедносните мерки пред истата.

Инаку, според последните сознанија, момчето планирало масовно убиство веќе цел месец, а она што е утврдено со вештачењето на неговиот мобилен е дека свесно го извршил убиството на своите врсници и на училишниот чувар, затоа што непосредно пред кривичното дело на интернет го пребарувал Кривичниот законик на Србија со цел да истражи дали децата под 14 години кривично одговараат за злосторства.

Следни Објави

Урош бил слаб на познати: Масовниот убиец бил интимен со овие две старлети (ФОТО)

Масовниот убиец од Младеновац, 21-годишниот Урош Блажиќ, кој уби осум, а рани 14 лица во полноќен напад со автоматско оружје, е уапсен и сместен зад решетки. Урош на социјалните мрежи се претставувал како „жесток фраер“, а како што можевме и да се увериме во едно видео кое беше објавено на […]