fbpx

Цел свет ова го чекаше! Славната петорка го од „Пријатели“ го прекина молкот: Потресно!

Веста за смртта на актерот Метју Пери, легендарниот Чендлер Бинг од серијата „Пријатели“, го растажи речиси цел свет.

Сите ја очекуваа реакцијата на неговите колеги од серијата кои досега не се огласуваа се’ досега, кога заедно проговорија за трагичната загуба која целосно ги скрши.

Два дена по ненадејната смрт на познатиот актер, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер излегоа со заедничко соопштение во кое наведуваат дека се „целосно шокирани од загубата на Метју“.

„Сите сме целосно уништени од загубата на Метју. Бевме повеќе од само актери. Ние сме семејство. Има толку многу да се каже, но сега ќе одвоиме време да тагуваме и да ја обработиме оваа неразбирлива загуба. Ќе кажеме повеќе со текот на времето, кога ќе можеме. Засега нашите мисли и нашата љубов се со неговото семејство, неговите пријатели и сите што го сакаа ширум светот“, велат главните актери од „Пријатели“.

Метју Пери ненадејно почина на 54-годишна возраст. Беше пронајден во џакузито во својот дом. Неговото безживотно тело го пронашла неговата помошничка, која повикала брза помош, но кога пристигнале на местото на настанот можеле само да констатираат смрт.

Обдукцијата е завршена, но се чекаат резултатите од токсиколошките тестови за да се утврди точната причина за смртта. Телото на Метју Пери е предадено на неговото семејство, за да можат да го организираат погребот.

Само оваа позната жена ја љубеше, ѝ почина на роденденот: Тажниот живот на ѕвездата од „Пријатели“

Семејството вчера проговори за трагедијата.

„Нашите срца се скршени од трагичната загуба на нашиот сакан син и брат. Метју донесе толку многу радост на светот и како актер и како пријател. Сите вие ​​му значевте толку многу и ние го цениме огромниот излив на љубов“, е наведено во соопштението на семејството на Метју Пери, пренесува „ТМЗ“.

Следни Објави

Мартина загина пред ќерка ѝ: Роденден се претвори во трагедија, свекрвата во шок

Цела заедница е во шок по трагичната смрт на млада мајка во населбата Филгине Валдарно во Фиренца, Италија. Мартина Бреши (31) настрада кога по грешка во неа удри автомобил со кој управувала нејзината свекрва. Трагедијата се случи во саботата, ден пред големата прослава на 1-виот роденден и крштевката на ќерката […]