fbpx

Беа полни со љубов кон децата: Детали за трагедијата, ова е загинатото семејство Крстиќ

Беа прекрасно младо семејство, омилено кај соседите. Секогаш беа подготвени да помогнат. Беа родители за пример, полни со љубов кон децата..

Вака оние што ги познаваа ги опишуваат сопружниците Крстиќ, 35-годишниот Борис и една година помладата Маријана кои со нивниот деветгодишен син Роберто ги загубија животите во сообраќајна несреќа која го потресе регионот.

Нивната тригодишна ќерка е во критична состојба и се бори за живот.

Тешката сообраќајка која се случи синоќа во близина на Мостар и во која четири лица загинаа, а четворица се тешко повредени, настанала поради прекумерно консумирање алкохол и трки со автомобили, јави Klix.ba.

Во алкохолизирана состојба се тркале М.П. во БМВ Х5 и М.Д. во Мерцедес, на кој му биле измерени 2.5 промили алкохол во крвта. Смртно настрадал и бизнисменот од БиХ, Мате П., кој управувал со БМВ-то, а кој притоа со пријател се враќал од крштевка.

Во несреќата во автомобилот „рено сценик“ загина брачниот пар Крстиќ од Мостар, со деветгодишниот син, додека нивната тригодишна ќерка се здобила со тешки повреди и за неа лекарите се борат во мостарската болница.

Фото: Социјални мрежи

Следни Објави

Дарко ја силува, па ја уби Ивана (14): Родителите на девојчето со барање кое ги разгневи сите

Несреќната девојка исчезнала истото попладне кога на мајка си ѝ рекла дека заминува на забава Ивана Подрашчиќ (14) беше силувана и до смрт претепана со ашов во напуштена куќа. За ова злосторство кое се случи пред точно осум години, 47-годишниот Дарко Костиќ, инаку повеќекратен силувач и убиец, е осуден на […]