fbpx

Лани го доби шестото дете на 82 години со двојно помлада „зајачица“: Бурниот живот на Роберто Кавали

Роберто Кавали почина вчера на 83-годишна возраст. Познатиот дизајнер кој од претходните два брака имаше пет деца, минатата година го доби и шестиот наследник со 45-години помладата Сандра Нилсон, поранешна шведска манекенка на „Плејбој“.

Во интервју за италијанскиот магазин „Новела 2000“, Кавали лани проговори за сопругата и детето.

„Сандра е добро, бебето кое се роди пред една недела токму овде во Фиренца е прекрасно и беше навистина емотивно да го видам веднаш по раѓањето“, изјави тој.

Роберто Кавали тогаш откри дека го избрале името Џорџо за нивниот син, во спомен на неговиот татко, кој нацистите го убиле на крајот на Втората светска војна.

Роберто имаше две деца, Томаз и Кристина, со својата прва сопруга Силванела Џанони, со која се ожени во 1964 година, а парот беше во брак десет години.

После тоа, креаторот повторно се ожени во 1980 година, а негова втора сопруга е австриската модна дизајнерка Ева Марија Тинер. Во тој брак доби три деца, Роберт, Рахел и Даниела. Двојката се разведе во 2010 година, а Роберто започна врска со манекенката Сандра Нилсон во 2014 година.

Во 2015 година ѝ купи приватен остров во нејзината родна Шведска.

Следни Објави

Твојот аманет за добри дела ќе остане со нас: Почина Драгче

Јована Тренчевска, доскорешната министерка за труд и социјална политика, сподели тажна вест на социјалните мрежи. Таа се прости со потресни зборови од блиска соработничка во кабинетот. „Да се запознае храбра жена како Драгче наша е привилегија на овој свет. Беше нашиот разум кога беше потребно, беше нашиот глас кога бевме најтивки […]