fbpx

Потресно! Познати сите детали: Вака Марко ја убил двегодишната Петра

Двегодишното девојче кое вчера настрада од сопствениот татко кој подоцна се самоуби, починало од давење, односно од гушење со вода.

„Наодите од обдукцијата се готови. Детето се удавило“, откри за српски „Телеграф“ извор од истрагата.

Марко Б. (35) од Вршац вчера ја уби двегодишната Петра, а потоа се обеси. Трагедијата се случила вчера околу 14 часот, а злосторството го најавил по СМС-порака која ѝ ја пратил на сопругата која веќе имала поднесено документи за развод.

„Ќе го убијам детето, па потоа ќе се самоубијам“, наводно била содржината на пораката која ја добила сопругата Сузана.

Регионот е во шок по овој немил настан.

„Марко не го познавав, но од станот во кој живееше неретко се слушаа пискотници, расправии, но и како ја тепа сопругата“, раскажува еден од соседите на Марко.

Според последните информации, тој веќе бил пријавуван за семејно насилство, но и покрај негодувањата на мајката, Центарот за социјална работа одредил таткото да може да го гледа детето.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

ДЕЦА УБИЕНИ НА СПИЕЊЕ Тела покриени со чаршафи, мајките се дерат: Потресни сцени пред градинката каде се случи незамисливо злосторство (ВИДЕО)

Страшна трагедија го вознемири светот На социјалните мрежи се појавија првите снимки од пред градинката на Тајланд каде поранешен полицаец уби 31 лице, од кои 22 се деца. Според последните информации на локалните медиуми, три од убиените деца имале по само две години, а меѓу жртвите е и учителка која […]