fbpx

ДЕЦА УБИЕНИ НА СПИЕЊЕ Тела покриени со чаршафи, мајките се дерат: Потресни сцени пред градинката каде се случи незамисливо злосторство (ВИДЕО)

Страшна трагедија го вознемири светот

На социјалните мрежи се појавија првите снимки од пред градинката на Тајланд каде поранешен полицаец уби 31 лице, од кои 22 се деца.

Според последните информации на локалните медиуми, три од убиените деца имале по само две години, а меѓу жртвите е и учителка која била во осмиот месец од бременоста.

Очајните членови на семејствата на жртвите се собраа пред зградата во која се случи незамисливо злосторство. Видеата изобилуваат со потресни сцени. На терен се возилата на брзата помош, а се гледаат телата на жртвите покриени со чаршафи.

Одговорен за масакрот е поранешниот полицаец Пања Камраб. Напаѓачот употребил и огнено и ладно оружје, а локалните медиуми јавуваат дека меѓу жртвите се и неговата сопруга и деца.

Засега не е потврдено, но најверојатно по масакрот побегнал дома со својот пикап каде си го убил и семејството пред да се самоубие.

Засега не е познат мотивот зад овој напад. Од полицијата велат дека напаѓачот очигледно бил под дејство на дрога.

Следни Објави

На денешен ден се случуваат чуда: Верувајте искрено и направете го ова!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 септември и е голем празник-Зачнување на свети Јован Крстител. Иако сите христијански празници се со повеќеслојно значење, овој е еден од посебните во тој поглед. Денеска црквата ја слави милоста Божја што им даде син на старите родители на свети Јован, […]