fbpx

Ја удриле со кола, па ја фрлиле во депонија: Страшни детали за убиството на Данка

Трагично заврши потрагата по исчезнатата Данка Илиќ.

Утринава се уапсени две лица осомничени дека го убиле двегодишното девојче, а потоа наводно го фрлиле телото во дива депонија покрај „Старобањски пат“ кај Бор.

Криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор, С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

„С.Ј. е осомничен дека со службеното возило „фиат панда“ на улица „Радомир Патник“ удрил во пешак, двегодишно девојче, при што ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пат“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот“, вели извор близок до истрага.

С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција од Бор укажува дека се’ се случило на 26 март околу 13.52 часот, односно по само седум минути откако девојчето исчезнало.

„С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото удрил во девојчето и ја убил“, вели извор од истрагата.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13.45 часот во Бањско Поле кај Бор.

Следни Објави

Ја затрупале со ѓубре, колата ја чистеле со киселина: Нови детали за убиството на Данка

С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот, двајцата осомничени за убиството на малата Данка Илиќ, паднале на полиграф, пишуваат српските медиуми. И двајцата се вработени во јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор. Откриено е и дека крвта пронајдена во нивното возило, по ДНК анализата, била на двегодишното девојче. Како […]