fbpx

Вања е брутално убиена, но една работа е енигма: Како монструмите го знаеле ОВА?

Истражните органи се свесни дека има многу неодговорени прашања, но велат дека на истите треба да одговори истрагата која штотуку започна

Зошто 14-годишната Вања Ѓорчевска е убиена неполни три часа по киднапирањето, ако намерата била да се бара откуп за девојчето? Дали ако планирале да бараат откуп, имале логистика, објект каде што ќе складираат храна, вода? Истрагата работи на одговор на сите неодговорени прашања за киднапирањето и убиството на девојчето.

Со оглед на тоа дека Вања била киднапирана во 7 часот и 30 минути, а убиена околу 10 часот, бидејќи, според еден од осомничените, „работите излегле од контрола“, а киднаперите наводно почнале да паничат бидејќи потрагата по девојчето започнала, се поставува прашањето како дознале за претресот кога мајката објавила на „Фејсбук“ дури во 12.08 часот, два часа по убиството на детето, пишува српски „Телеграф“.

Според извори од истрагата, детето било киднапирано во 7 часот и 30 минути, а околу 10 било убиено во атарот на скопското село Бразда. Од центарот на Скопје се вози околу половина час. Патувањето на убијците траело подолго, во меѓувреме, како што пренесуваат македонските медиуми, застанале на бензинска пумпа за да наполнат кофа со бензин, со што подоцна го запалиле возилото украдено од претходно убиениот Панче Жежовски.

Дополнително, се поставува прашањето дали убиецот кој ладнокрвно уби дете, откако пет дена претходно убил друго лице, ова му е прво убиство во животот или раката не му затреперила затоа што го правел тоа и претходно?

Конфузија на мотивите додава и материјалната состојба на главниот осомничен Љупчо Палевски. Како човек кој заработил милиони евра како градежен бизнисмен во 90-тите, градејќи бројни згради во Дебар Маало, на крајот киднапирал дете за да изнуди десетици илјади евра?

Истражните органи се свесни дека има многу неодговорени прашања, но велат дека на истите треба да одговори истрагата која штотуку започна.

Да потсетиме, првоосомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски Палчо синоќа е уапсен во Турција. Полицијата претходно приведе пет лица поради сомнение дека помагале или учествувале во киднапирањето и убиството на Вања и Панче. Меѓу нив е и таткото на Вања. На четворицата синоќа им е одредена мерка притвор од 30 дена.

Следни Објави

Почивај во мир, драг пријателе! Македонија тагува по Стефан Таушанов

Тажна вест сподели Македонската православна црква во Лондон. Денес во раните утрински часови, по долго и тешко боледување, се упокои Стефан Таушанов. „Стефан почина во Addenbrook’s Hospital, Cambridge опкружен и опсипан со љубов од потесното семејство и молитвен Канон за исход на душата. Неговото семејство, а особено Стефан беше верно […]