fbpx

Брат и сестра скокаат од зграда: Се слушаат последните зборови, починаа на лице место (ВИДЕО)

Момче и девојка со пренос во живо на социјалните мрежи скокнаа од 24. кат на зграда во Киев.

Полицијата соопшти дека станува збор за брат и сестра на возраст од 17 и 18 години.

„Жртвите од здобиените повреди починале на лице место“, објавија тамошните власти.

На вознемирувачкото видео се гледа како скокаат од балконот држејќи се за раце. Во позадина се слушаат последните зборови со кои момчето ѝ се обраќа на сцојата сестра.

„Те сакам“, се слуша на снимката.

Локалните медиуми јавуваат дека тинејџерите се самоубиле во понеделникот во 11 часот и 10 минути скокајќи од зградата каде што претходно изнајмиле стан. Тие потекнуваат од градот Березан.

„До десетгодишна возраст момчето живееше во сиропиталиште. И девојчето до својата четиригодишна возраст живееше по домови“, вели извор од истрагата.

Девојката која скокнала од зградата имала полусестра (17) која веќе била повикана на распит.

„Тинејџерите активно користеле дрога и биле депресивни“, открива истиот извор.

Ден пред самоубиството, креирале канал на Телеграм кој го именувале „The Walking Dead“, а 30 минути пред трагедијата објавиле неколку десетици видеа на кои кажуваат како се подготвуваат за смртта.

Следни Објави

Естрадата во шок, фановите се простуваат: Трагедија!

Ненадејно почина италијанскиот инфлуенсер Лоренцо. Имаше само 40 години, а причината за смртта е срцев удар. „Се чувствувам многу лошо. Не ми се верува“, им изјави неговата сопруга на медиумите. Смртта не можела да биде потрагична. Трагедијата се случила додека си играл со децата во нивната куќа во близина на […]