Тажна вест доцна вечерва сподели претседателот на Владата
Актуелниот македонски премиер Димитар Ковачевски со емотивна посвета се прости од својот другар и сопартиец.
„Со голема тага изразувам сочувство до семејството, роднините и пријателите на ненадејно починатиот сопартиец и почитуван социјалдемократ, Ристо Масев-Ичо, член на СДСМ и поранешен пратеник во македонското Собрание од Струмица. Нека почива во мир. Слава му!“, напиша премиерот на својот фејсбук-профил.
Масев имаше 67 години.
Фото: Фејсбук